Skip Links

News Item

Струмица добива нова просторија за разговор прилагодена на жртви

Issued on:
Issued by:
OSCE Mission to Skopje

Денес, во Секторот за внатрешни работи Струмица се пушти во употреба целосно опремена просторија за разговор прилагодена за деца и жртви, преку која на децата и жртвите им се дава побезбеден простор со поголема поддршка.

„Квалитетот на една институција не се мери само според нејзините законски овластувања, туку и според начинот на кој ги штити најранливите. Затоа, наша обврска е секое дете – без разлика дали е жртва, сведок или лице во судир со законот – да биде третирано со почитување  и целосна заштита на неговите права“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Просторијата е втор ваков објект поддржан преку заедничките напори на Шведска, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи.

„Целта е да се осигураме дека луѓето кои веќе претрпеле зло ќе добијат третман исполнет со грижа, достоинство и почит“, изјави амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Овде не станува збор за отворање на нова просторија. Основно и најважно, зборуваме за нов стандард на работа и цврста заложба за заштита на достоинството, безбедноста и правата на ранливите жртви, посебно на младите и жените“, изјави шведскиот амбасадор Ола Солстром.

Реновирањето беше спроведено од страна на ОБСЕ и проектот Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија, спроведуван од Шведската полициска управа.