News Item
ОБСЕ ги поддржува Северна Македонија и Албанија во јакнењето на соработката помеѓу полицијата и царината
- Issued on:
- Issued by:
- OSCE Mission to Skopje
Ревизија на билатералниот Договор за соработка меѓу полицијата и царината меѓу Северна Македонија и Албанија
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во тесна соработка со Присуството на ОБСЕ во Албанија, помогна во организирањето средба на високо ниво во Скопје чија цел е подобра заштита на границите меѓу двете држави.
Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја подвлече важноста на меѓуграничната соработка. „Целта на оваа средба е да го направи животот побезбеден за луѓето на двете страни на границата. Преку подобрување на комуникацијата, брзината и соработката меѓу полицијата и царината, се грижиме борбата против криминалот да биде поефективна, а заедниците подобро заштитени“, изјави амбасадорот Килиан Вал.
Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Панче Тошковски, ја истакна заедничката посветеност. „Овој договор ја зајакнува довербата и оперативната координација меѓу нашите држави, притоа водејќи сметка нашите службеници да ги имаат алатките и поддршката да дадат брз и ефикасен одговор на безбедносните предизвици.“
Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, додаде дека „модерна, безбедна и практична соработка на нашите граници носи придобивки не само за властите, туку и за граѓаните кои секојдневно се потпираат на нас за безбедност и заштита.“
ОБСЕ ја реафирмираше својата подготвеност да продолжи да ги поддржува двете држави во подобрувањето на граничната заштита.