Report
Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2018 година
Во текот на 2018 година, со цел да се поддржи судската и реформата на кривичното право, Мисијата на ОБСЕ во Скопје поддржа мониторинг на судски кривични случаи пред надлежни судови во четирите апелациони региони во државата, кој што го спроведе граѓанската организација Коалиција „Сите за правично судење“, мрежа на 14 граѓански организации. Мониторингот на судските предмети цели кон зголемување на увидот на јавноста во правосудниот сектор преку јакнење на капацитетите за одржлив и систематски мониторинг на судски случаи од граѓански организации и резултираше со оваа анализа која што дава преглед на имплементацијата на Законот за кривична постапка. Анализата исто така дава препораки за идни интервенции и активности насочени кон подобрување на капацитетите на судскиот систем во државата кој за возврат треба да водат кон зголемување на јавната доверба во правосудниот систем.
- Date:
- Source:
- OSCE Mission to Skopje
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe
- Our work:
- Владеење на правото