Skip Links

Press release

Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави вонреден повик за предлог проекти на граѓански организации и фондации

Date:
Place:
SKOPJE
Source:
OSCE Mission to Skopje

22 мај, 2020, Скопје – Денес, Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави вонреден повик за предлог проекти на граѓански организации, асоцијации и фондации. Целта на овој повик е да ги адресира потребите на најранливите и запоставените заедници во земјата, во областите од мандатот на Мисијата за време на кризата со ковид-19.

Овој повик е исто така наменет да поддржи организации кои се соочуваат со оперативни потешкотии како последица од епидемијата, вклучително и организации кои што работат со деца и млади, со ризични категории на граѓани и постари лица, лица со попреченост како и со долгорочни физички и психички здраствени проблеми; организации кои што работат со помали заедници, вклучително Рома и Синти; жртви на семејно насилство, родово базирано насилство, трговија со луѓе, бегалци и мигранти,Поддршката се однесува и на активности во полето на заштита на човековите права и застапување. Повеќе информации за овој повик се достапни на следнив линк: 

„Тековната Ковид-19 пандемија и економската криза создадена како последица на пандемијата претставуваат невидена закана за безбедноста и општествената стабилност. Нашиот нов фонд, формиран за справување со последиците од ковид-19, претставува можност за граѓанските организации, асоцијации и фондации да добијат финансиска поддршка во износ до 15,000 евра, која што ќе им овозможи да продолжат со своите значајни активности и за време на пандемијата,“ изјави Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Оваа иницијатива ја отпочнуваме со поддршка од Министерството за надворешни работи. Се надеваме дека голем број на иновативни проекти ќе бидат поднесени како резултат на оваа иницијатива кои ќе придонесат кон зачувување на фундаменталните права, пристап до основните услуги и исполнување на заложбите на ОБСЕ од страна на државата за време на престојните три месеци,“ додаде Клеменс Која.

 Поздравувајќи ја иницијативата на Мисијата на ОБСЕ, Министертот за надворешни работи, Никола Димитров изјави „Силно го поддржуваме овој фонд на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој е создаден како одговор на ковид-19 и веруваме ќе им помогне на локалните невладини организации да продолжат да ги поддржуваат најзасегнатите и најранливите, како и да ги јакнат демократските вредности во нашето општество“.

„Јас како поранешен граѓански активист и член на тинк-тенк, знам колку голем беше придонесот на невладиниот сектор во демократскиот пресврт што го направивме изминативе години. Во време кога има голема потреба од работата на невладините организации, а се соочуваат со сериозни финансиски  предизвици со оглед на кризата, мислам дека ова е вистинско решение што треба да се поздрави.


Contacts

Мирвете Ислам, Мисија на ОБСЕ во Скопје

Виша асистентка за односи со јавноста и медиумите

Мисија на ОБСЕ во Скопје

Зграда Хипериум
Булевар 8ми септември бр. 16
1000 Скопје
Северна Македонија

Илона Казарјан

Раководителка на Отсекот за комуникации и односи со медиумите

Мисија на ОБСЕ во Скопје

Зграда Хипериум
Булевар 8ми септември бр. 16
1000 Скопје
Северна Македонија