Report
Извештај од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза
Извештајот од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза ги прикажува резултатите од втората анкета за виктимизација поради криминал од омраза спроведена во Северна Македонија, помеѓу јуни и јули, 2023 година (следствено на првата анкета спроведена во 2018 година). Истражувањето прикажува сеопфатен преглед за распространетоста на криминалот од омраза, заснована на етничка припадност, религија, сексуална ориентација, попреченост и политичко уверување, според перцепциите на жртвите, како што и дава поглед во непријавувањето на криминалот од омраза. Истражувањето доаѓа после четири години од усвојувањето на измените на Кривичниот законик, со кои се воведе „омразата“ како квалификаторен облик на неколку кривични дела. Извештајот има за цел да обезбеди докази кои ќе помогнат во формулирањето ефективни мерки кои одговараат и се борат против овој феномен, ги водат таргетираните политики и стратегии на националните и локалните власти, и даваат поддршка на граѓанските организации во нивното застапување.
- Date:
- Source:
- OSCE Mission to Skopje
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe
- Our work:
- Владеење на правото, Толеранција и недискриминација