Skip Links

Project Update

Претворање на доказите во акција за заштита на млади жени и девојки

Issued on:
Issued by:
OSCE Mission to Skopje
Fields of work:
Родова еднаквост, Rodno zasnovano nasilje

Наодите презентирани на настан на високо ниво служат како водич за координирана акција преку Националната работна група за превенција на насилство помеѓу младите.

Скопје, 17 декември 2025 – Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска презентираше ново истражување на онлајн и офлајн-насилство против млади жени и девојки во јавниот живот, појаснувајќи зошто многумина се чувствуваат небезбедно на јавни места. На настанот на високо ниво „Од податоци до дијалог и акција“, присуствуваа претставници од државните институции, граѓанското општество, академскиот свет како и млади со цел доказите да се пренесат во практична акција.

Амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја истакна важноста на претворањето на истражувањето во влијание: „Кога настанува насилство, молчењето не е опција. Сите имаме одговорност да реагираме и пријавиме. Пријавите за насилство мора да бидат приоритет, а институциите се обврзани да делуваат со должно внимание“.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ја истакна координираната социјална поддршка. „Мора да изградиме систем кој реагира рано, на хуман и координиран начин, за ниту една жена да не биде сама. Подготвуваме нова Стратегија за превенција и заштита од насилство врз жените и семејно насилство 2026–2033, заедно со Акциски план за 2025–2029. Овие стратешки документи ќе водат навремена и ефективна заштита за секоја жена“.

Спроведено од страна „Индаго“, во рамки на истражувањето беа испитани 600 млади жени и девојки на возраст од 18 до 29 години од сите статистички региони и опфати фокус-групи составени од претставници на граѓанското општество и експерти. Наодите откриваат како социоекономските фактори, образованието и местото на живеење ги обликуваат перцепциите за безбедност, додека пријавувањето останува ограничено. Ризиците во подем, како дигиталното насилство, ја истакнуваат потребата за целна превенција и мерки за заштита.

Преку Националната работна група за превенција на насилство помеѓу младите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе работи со националните засегнати страни за да се интегрираат препораките во политики, институционални реформи и практични мерки, водејќи сметка за долготрајни и мерливи резултати за младите жени и девојки низ Северна Македонија.