Skip Links

News Item

ОБСЕ помага да се води сметка дека јавните пари функционираат подобро за граѓаните

Issued on:
Issued by:
OSCE Mission to Skopje

Јавните пари треба да одат онаму каде што е најважно: кај училиштата, болниците, патиштата и услугите кои ги подобруваат секојдневното живеење на луѓето. Мисијата на ОБСЕ во Скопје поддржа јавен настан во Собранието на Република Северна Македонија, на кој Собранието и Државниот завод за ревизија разговараа за тоа како да се подобри начинот на трошење на државните пари.

Фокусот на дискусијата беше ставен на тоа како Собранието може поактивно да ги користи ревизорските извештаи, не само да идентификува проблеми, туку да се погрижи институциите да ги поправат грешките и да постапат по препораките.

„Надзорот ги штити парите на даночните обврзници и довербата на граѓаните“, изјави амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Ревизорските извештаи не треба да останат во фиока. Кога тие водат кон акција, поверојатно е дека јавните пари се трошат правично, транспарентно и во најдобар интерес на народот“, рече амбасадорот Вал.

На маргините не настанот, ОБСЕ донираше 15 лаптопи на Државниот завод за ревизија со цел да им се помогне на ревизорите да работат поефикасно, вклучително и во набљудувањето на трошењето во предизборна кампања.

Со посилна отчетност и транспарентност се води сметка дека јавните средства им служат на граѓаните, а демократските институции остануваат институции од доверба. Кога надзорот функционира, луѓето може да веруваат дека јавните пари се трошат одговорно.