Skip Links

Project Update

Младинска уметничка галерија за родова еднаквост и спротивставување на родово-базирано насилство врз млади жени и девојки

Issued on:
Issued by:
OSCE Mission to Skopje

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, објавува Јавен повик за средношколци за доставување оригинални уметнички дела за јавна изложба посветена на промовирање на родовата еднаквост и спротивставување на родово-базираното насилство врз млади жени и девојки.

За иницијативата

Оваа младинска иницијатива има за цел да создаде платформа преку која средношколците ќе можат да ја подигнат јавната свест и да ги изразат своите ставови за еднаквоста, достоинството и значењето на создавање безбедна средина без насилство за сите млади жени и девојки.

Услови за учество

Јавниот повик е отворен за сите средношколци во Република Северна Македонија.

Учесниците помлади од 18 години ќе треба да достават писмена согласност од родител или старател пред јавната изложба и евентуалната промотивна употреба на делото.

Прифатливи видови на уметнички дела

  • Дигитална уметност
  • Слика или цртеж (традиционални техники)
  • Фотографија
  • Комбинирана техника 

Технички услови

  • Сите дела мора да бидат оригинални и изработени од пријавениот учесник.
  • Дела генерирани со помош на вештачка интелигенција (AI) нема да бидат прифатени.
  • Прифатени формати се: JPG, JPEG, PNG или PDF.
  • Не се пропишани димензии за делата.
  • Делото мора да биде доставено во највисок достапен квалитет (оригинален фајл, не screenshot), со цел да биде соодветно за печатење и јавна изложба.

Начин на пријавување

Уметничките дела треба да се достават електронски на: unshm.mk@gmail.com.

Во пријавата задолжително наведете:

  • Име и презиме
  • Возраст и училиште
  • Контакт информации
  • Наслов на делото
  • Краток опис на делото

Краен рок за пријавување

15 март 2026 година

 

Процес на евалуација

Сите пристигнати дела ќе бидат разгледани од Комисија за селекција составена од три члена.

Процесот на селекција ќе заврши до 25 март 2026 година.

Одлуките на Комисијата се конечни.

Изложба и награди

Избраните дела ќе бидат изложени на јавна изложба планиранa за втората половина на април 2026 година.

Сите избрани учесници ќе добијат сертификати за учество. Тројца избрани победници ќе добијат симболични награди.

Дополнителни информации

Со доставување на делото, учесниците даваат согласност истото да биде користено за изложбени и промотивни цели поврзани со оваа иницијатива, со соодветно наведување на авторството.

Ги охрабруваме сите млади уметници да земат учество и да ја искористат уметноста како моќна алатка за подигнување на свеста, промовирање на еднаквоста и поттикнување позитивни промени.