News Item
ОБСЕ поддржува напредна обука на K9 за борба против нелегалната трговија со оружје
- Issued on:
- Issued by:
- OSCE Mission to Skopje
- Fields of work:
- Контрола на оружје, Полициско работење
Помалку нелегално оружје значи поголема безбедност за луѓето.
Минатата седмица, специјални полициски сили од Југоисточна Европа и Украина го завршија квалификацискиот курс за водачи на службени кучиња, во заедничка организација на Мисијата на ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи.
Целта на курсот беше да се зајакне откривањето на мало и лесно оружје и муниција во тешки услови – високо во планините и длабоко во шумите.
Надоврзувајќи се на претходните програми, курсот се фокусираше на заедничко распоредување, тактичка координација и компатибилност меѓу водачите на кучиња и специјалните единици.
„Овој курс придонесува за практичната безбедност на регионот и Европа,“ изјави амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Подобро обучените полициски сили значат помалку нелегално оружје на улиците и придонесуваат за безбедноста на сите луѓе.“
Преку проектот за мало и лесно оружје (ADD LINK), ОБСЕ ја поддржува Северна Македонија во напорите да ја развие полициската единица за службени кучиња во регионален центар на експертиза, и придонесува за формирање посилен регионален пристап против организираниот криминал.