Skip Links

News Item

Соседните општини ја зајакнуваат соработката во справувањето со семејното насилство

Group of people in business attire standing together in a conference room.
Issued on:
Issued by:
OSCE Mission to Skopje, OSCE Presence in Albania, OSCE Mission in Kosovo

Претставници на општините Тетово, Драгаш и Кукс се сретнаа во Тетово за да ја зајакнат соработката и да разменат практични искуства за спречување и справување со семејното насилство.

Меѓуопштинскиот дијалог, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Косово и Присуството на ОБСЕ во Албанија, на иста маса ги донесе претставниците на општините, органите за спроведување на законот, обвинителствата, судството, социјалните служби, засолништата и граѓанското општество.

Учесниците разговараа за предизвиците во справувањето со семејното насилство во различни јурисдикции, разменија добри практики и разгледаа практични начини за унапредување на соработката меѓу институциите надлежни за заштита на жртвите.

„Ефикасната соработка меѓу различни јурисдикции се гради кога практичарите ги разбираат меѓусебните надлежности и ограничувања, но и кога развиваме практични механизми што им овозможуваат на жртвите заштита и во различни јурисдикции“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, ја подвлече важноста на зајакнувањето на партнерствата со цел унапредување на услугите и одговорите за лицата на кои им е потребна помош, посебно жените и децата. „Партнерството меѓу Драгаш, Кукс и Тетово покажува како заедничките напори можат да доведат до поефикасна превенција, посилна заштита за жртвите и подобрени механизми за отчетност, во согласност со Истанбулската конвенција“, изјави тој.

Шефот на Присуството на ОБСЕ во Албанија, амбасадорот Мишел Таран, истакна дека иницијативата од размена меѓу две општини прераснала во поширока платформа што вклучува чинители од три јурисдикции. „Административните граници или територијалната надлежност не треба на жртвите да им го попречуваат пристапот до заштита, поддршка и правда. Токму затоа соработката меѓу општините, како и меѓу локалните институции и институциите од правосудниот сектор, е од клучно значење“, изјави тој.

Разговорите се задржаа на практични решенија за зајакнување на соработката меѓу општинските структури и институциите вклучени во спречувањето на семејното насилство и во заштитата на жртвите.

Трите теренски операции на ОБСЕ и понатаму ќе го поддржуваат овој дијалог и ќе придонесуваат дискусиите да резултираат со продолжена практична соработка.