Report
Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија
Проценката на ризиците од корупцијата во правосудството дава сеопфатно испитување на секојдневните ризици од корупција што често минуваат незабележани од креаторите на политиките во судовите и јавните обвинителства во Северна Македонија. Проценката е дел од Националната стратегија за спречување на корупција и конфликт на интереси 2021 – 2025 и беше спроведена како поддршка на Државната комисија за превенција на корупција, во партнерство со Здружението на судии на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија. Оваа пионерска заложба се стреми да ги процени и рангира ризиците од корупција во националниот правосуден систем, земајќи ги предвид и законските аспекти и нивната практична примена. Проценка, исто така, цели кон поинформирано креирање политики и за делотворен институционален одговор на идентификуваните ризици од корупција во правосудството. Македонската верзија почнува од страна 45.
- Date:
- Source:
- OSCE Mission to Skopje
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe
- Our work:
- Владеење на правото