Study / report
Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија
Жените се наоѓаат во значително понеповолна политичка положба од мажите во однос на нивното политичко ангажирање и влијание, како во богатите земји така и во регионите во развој. Жените од немнозинските заедници често се соочуваат со двојна дискриминација врз основа на нивниот род и етничка припадност. Ваквата неповолна положба слично се забележува и кај жените од немнозинските заедници во Северна Македонија. Поради тоа, оваа студија има за цел да направи сеопфатно испитување на степенот и околностите на политичкото учество на жените од немнозинските заедници во Северна Македонија, нагласувајќи ги повеќеслојните нееднаквости со кои се соочуваат жените од заедниците во нивните обиди да се приклучат кон политичкиот и јавниот живот. Студијата користи мешавина од квантитативни и квалитативни методи на истражување, што подразбира примарно собирање податоци преку теренско истражување во кое беа вклучени 1002 испитанички и шест интервјуа, како и секундарна анализа на податоците.
- Date:
- Source:
- OSCE Mission to Skopje
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe
- Our work:
- Демократизација, Малцински права, Владеење на правото, Родова еднаквост