Skip Links

News Item

Нов протокол носи побрз пристап до идентитет, права и услуги за сите

Issued on:
Issued by:
OSCE Mission to Skopje
Fields of work:
Човекови права, Рома и Синти

Северна Македонија е лидер во светот кога станува збор за ставање крај на бездржавјанството. Земјата воведува мерки за спречување идни случаи. 

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, промовираше нов Протокол на процедури за бездржавјанство. Протоколот дава јасни чекори за институциите да работат заедно за спречување нови случаи, бидејќи немањето правен идентитет значи немање можност да се оди на доктор, на училиште или немање пристап до основни услуги.

На настанот присуствуваа претставници од клучни институции, граѓански организации и професионалци кои работат директно со луѓето кои се соочуваат со ризик од бездржавјанство. Беше оддадено и признание за напорите на сите кои директно помогнаа за решавање вистински случаи и подобрување на координацијата помеѓу институциите.

„Овде се работи за вистински луѓе и вистински животи. Овој Протокол помага да се обезбеди дека секое дете се раѓа заведено, секое лице е признато и секој има право до своите основни права.“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. 

Иницијативата го поткрепува неодамнешниот напредок. До средината на 2025, Северна Македонија ги имаше решено сите познати случаи поврзани со распадот на поранешна Југославија, доделувајќи државјанство на 317 лица. Меѓутоа, предизвиците остануваат, особено за деца со родители без регулиран правен статус. 

Неодамнешен пилот-обид покажа како соработката може да направи разлика. Во еден случај, институциите работеа заедно да се погрижат една мајка и нејзиното новороденче да добијат лични документи и документи за пристап до здравствена заштита, брзо и ефикасно. Новиот Протокол има за цел да ги направи таквите решенија стандардна практика.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да ги поддржува националните власти и партнери во спречувањето и намалувањето на бездржавјанството, водејќи сметка секој да може да ги ужива своите фундаментални права и дека никој не е оставен сам на себе.


Contacts

Мирвете Ислам, Мисија на ОБСЕ во Скопје

Виша асистентка за односи со јавноста и медиумите

Мисија на ОБСЕ во Скопје

Зграда Хипериум
Булевар 8ми септември бр. 16
1000 Скопје
Северна Македонија