Skip Links

News Item

Декларацијата поддржана од ОБСЕ го зајакнува координираното делување за спречување на насилството меѓу младите

Issued on:
Issued by:
OSCE Mission to Skopje
Fields of work:
Млади

Свечената церемонија на потпишување одржана во Скопје ја потврди заедничката институционална посветеност, со младинско учество, за побезбедна средина за младите.

Скопје, 16 јуни 2026 – Oфицијалното потпишување на Декларацијата за намери за спречување на насилството кај младите претставува важен чекор во зајакнувањето на напорите за справување со младинското насилството во Северна Македонија, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Декларацијата беше потпишана во рамки на Националната работна група за спречување на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Како прв национален механизам посветен конкретно на спречување на младинското насилство, работната група обезбедува платформа преку која институциите, младинските организации и партнерите можат заедно да ги утврдуваат ризиците, да ја зајакнат соработката и да развиваат практични превентивни мерки.

Во своето обраќање на отворањето, шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал, ја нагласи важноста на преминувањето од заложби кон дела: „Потпишувањето на Декларацијата е важно постигнување, но нејзината вистинска вредност ќе зависи од активностите што ќе следат: дали младите ќе знаат каде да пријават насилство без да чувствуваат страв и срам, и дали услугите за поддршка ќе станат подостапни, доверливи и прилагодени на младите.“

Декларацијата ја отлсикува заедничката заложба за спречување на младинското насилство во сите негови форми, при што утврдува точки за дејствување со фокус на безбедни простори и услуги за поддршка, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортска средина, локална безбедност, ментално здравје и психосоцијална поддршка, дигитална безбедност, значајно младинско учество и посилна координација и отчетност.

Во своите воведни обраќања, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, министерот за спорт Борко Ристовски и пратеничката Драгана Бојковска, координаторка на Клубот за младински прашања и политики, ја потцртаа важноста на институционалната соработка, превенцијата, навремениот одговор, дигиталната безбедност, образованието, спортот, и вклучувањето на Собранието во унапредувањето на превенцијата од насилство кај младите.

За време на панел-дискусијата, говорниците ја нагласија потребата од појасни канали за пријавување, посилна локална соработка, подобрена поддршка за училиштата и младинските центри, како и поконзистентно вклучување на младите во обликувањето на превентивните мерки.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје повторно се заложи да ги поддржи Работната група, младинските организации и партнерите во преточувањето на Декларацијата во практични мерки и во посигурни, доверливи системи за поддршка на младите низ целата земја. 


Contacts

Мирвете Ислам, Мисија на ОБСЕ во Скопје

Виша асистентка за односи со јавноста и медиумите

Мисија на ОБСЕ во Скопје

Зграда Хипериум
Булевар 8ми септември бр. 16
1000 Скопје
Северна Македонија

Илона Казарјан

Раководителка на Отсекот за комуникации и односи со медиумите

Мисија на ОБСЕ во Скопје

Зграда Хипериум
Булевар 8ми септември бр. 16
1000 Скопје
Северна Македонија

Annie Engstroem

Media Officer

OSCE Mission to Skopje

Hyperium Building
Bulevar 8-mi Septemvri No. 16
1000 Skopje
North Macedonia

Ilona Kazaryan

Chief, Communication and Media Relations Unit

OSCE Mission to Skopje

Communication and Media Relations Unit

Hyperium Building
Bulevar 8-mi Septemvri No. 16
1000 Skopje
North Macedonia