Study / report
Истражување за онлајн и офлајн инциденти на насилство врз млади жени и девојки во јавниот простор во Северна Македонија
Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето за родово базирано насилство и вознемирување врз млади жени и девојки на возраст од 18 до 29 години во Северна Македонија, спроведено во 2025 година со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје а во соработка со Канцеларијата на Претседателката на Република Северна Македонија.
Истражувањето има за цел да ја утврди распространетоста, природата и перцепцијата за различните форми на родово базирано насилство, како и ефикасноста и пристапноста на институциите за заштита и поддршка на жртвите од родово базирано насилство. Дополнително, истражувањето се фокусира и на онлајн формите на насилство, кои претставуваат сè поголем предизвик во контекст на дигиталната трансформација на општеството.
- Date:
- Source:
- OSCE Mission to Skopje
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe